Жозе Мурињо пред да ја започне прес-конференцијата како најава за мечот со Манчестер сити во Премиер лигата, направи мало шоу за новинарите, откако самиот си постави прашања кои веднаш си ги одговори.
„Прво прашање, дали очекувате нови засилувања до крајот на преодниот рок. Прв одговор, не. Понатаму, второ прашање, дали сте задоволни со купените фудбалери? Да, задоволен сум. Трето прашање, дали сакате напаѓач…“, вели Мурињо пред да ја започне прес-конференцијата.
Тотенхем ги донесоа Жедсон Фернандеш на позајмица од Бенфика и Стивен Бергвајн од ПСВ Ајндховен, но шпекулациите велеа дека ќе бидат активни на пазарот до крајот на преодниот рок – вечната врска со Герет Бејл од Реал Мадрид и Оливие Жиру од Челси.
„Не очекувам ништо. Пазарот е отворен и може да се случат работи, но јас не очекувам ништо“, вели сериозно Мурињо.
Jose Mourinho just interviewed himself ? pic.twitter.com/5P5k9LYjnq
— B/R Football (@brfootball) January 31, 2020