Бразиелцот Фабињо (29), ова лето го напушти Ливерпул и во Саудиска Арабија, тој потпиша за Ал-Итихад. По натпреварот против Ал Раед, навивачите го чекаа пред стадионот. Еден од нив, воодушевен од играта на Бразилецот решил да му подари „Ролекс“.
На видеото се гледа дека постои јазична бариера, но тоа брзо се реши кога човекот го извади часовникот и му го ставил на раката на Фабињо. Бразилскиот играч остана во шок, не можејќи да разбере што се случува.
Дури и часовникот му падна на земја, брзо го подигна и покажа дека не е оштетен.
Fabinho was gifted a Rolex by a fan because he played well… A FAN.
Na we can’t compete with Saudi 😂😂 pic.twitter.com/VgDWduDeEB
— The Kop Watch (@TheKopWatch) August 14, 2023