Top Sport

Навивач на Бока му ја запалил куќата на соседот бидејќи навивал за Ривер Плата!

Малку градски дербија на светот носат поголема страст од пресметката на двата гиганти од Буенос Аирес, Бока јуниорс и Ривер Плата, а пред големото финале (во два меча) од Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони), страстите се зовриени.

Двата клуба се согласија да не дозволат гостински навивачи на стадионите (како што е практика во Аргентина од 2013) во обид да се избегне насилството, но тоа не ги спречува инцидентите пред првиот меч во сабота на „Бомбонера“.

Според аргентинскиот „Диарио оле“ една расправија во Мисионес помеѓу навивач на Бока и на Ривер завршила хаотично: навивачот на Бока му ја запалил куќата на својот сосед! Неверојатно!

Scroll to Top