Роберто Фирмино има одличен период во кариерата, постигнувајќи голови за Ливерпул, а неодамна на својата сопруга ѝ купи нов автомобил, но сепак, на работа оди со воз.
Зошто? Бразилецот, кој заработува милиони во Ливерпул, во февруари беше казнет со 20.000 фунти и му беше одземена возачката дозвола една година поради возење во алкохолизирана состојба.
Поранешниот играч на Хофенхајм беше забележан од неколку инсприрани навивачи на градскиот ривал Евертон, кои не можеа а да не му се насмеат во лице на напаѓачот на нивниот омразен тим. Но, само до февруари – тогаш тој ќе продолжи да вози, а навивачите ќе продолжат да се возат со воз.
Bobby firmino on the Chugga the scruffy kopite pic.twitter.com/ko328rQszL
— smig (@paddysmig1878) December 24, 2017