Еден навивач на Реал Мадрид од романскиот град Арад реагирал навистина лошо по фрустрирачкиот пораз во „Ел класико“, кој Барселона го доби со 3:0.
Со оваа победа, Барселона отвори 14 поени предност пред „Лос бланкос“, иако Реал има натпревар помалку поради обврските на Светското клупско првенство.
По овој пораз 70-годишен навивач на Реал решил да ја запали својата куќа, но за среќа еден негов сосед реагирал и со помош на пожарникарите тој бил спасен. Романските медиуми јавуваат дека навивачот знаел што прави и дека не жали за своите постапки.