Еден обичен натпревар во фудбалскиот Куп на Белгија неочекувано влезе во аналите на фудбалската игра бидејќи во продолженијата еден од помошните судии беше навивач на Мехелен.
Генг во осмина-финалето на белгискиот куп гостуваше кај Мехелен. Дуелот во регуларниот дел и по продолженијата заврши со резултат 1:1, а по изведувањето на пенали четврт-финалето избори Генк.
Обичен дуел кој, сепак, влегува во фудбалската историја бидејќи во продолженијата еден од навивачите беше помошен судија, што никогаш не се случило на вакво професионално ниво.
Во текот на натпреварот се повредил главниот судија Кристоф Диерик, кого го замени четвртиот судија Николас Лафорж. Финишот на мечот им донесе уште една неволја на судиите, кога се повреди еден од помошниците Том Денс.
Официјалниот спикер на стадионот потоа прашал дали некој од гледачите има искуство како судија.
Се јавил 45-годишниот Лук Босманс, кој продолженијата ги одработи како линиски судија и според оценките тоа го направил исклучително добро. Неговата појава крај аут предизвика делириум на трибините.
Luc Bosmans, de bekerheld van KV Mechelen–Genk https://t.co/e4ellNfaUV pic.twitter.com/mLtmk4LWEn
— De Standaard (@destandaard) November 30, 2017
„Ова е вториот најдобар момент во мојот живот. Го гледав овој клуб низ неговите подеми и падови. За жал, денес тоа не беше можно, но имав можност да го гледам Мехелен од најдобрата позиција на теренот“, порачал со насмевка Босманс.
Luc Bosmans, bekerheld van de avond: “Gelukkig niet dronken” #KvmGnk #Bosmans https://t.co/9w0RIEPXtJ pic.twitter.com/poCm7xYoWK
— VoetbalNieuws.be (@voetbalnieuwsbe) November 30, 2017