Top Sport

Навивач суспендиран на три години, го пцуел Салах

Навивачот на Вест Бромвич Албион (ВБА), Бредли Тамвуд е осуден поради навредите што ги упатил кон Мохамед Салах на натпреварот помеѓу ВБА и Ливерпул одигран во 2019 година.

Тамвуд од судот доби три годишна забрана за посета на фудбалските натпревари, парична казна од 400 фунти, а ќе мора да ги покрие и трошоците за судењето во износ од 215 фунти.

На натпреварот во 2019 година една од камерите го „уловила“ Тамвуд како го наредува Салах, а видеото набргу се појави и на социјалните мрежи.

Навивачот пред судот ги признал исламофобните повици што му ги упатил на напаѓачот на Ливерпул.

Scroll to Top