Пред првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Наполи се отвори многу работа за германската полиција, откако беа уапсени девет навивачи на германскиот тим кои ги нападнале гостинските навивачи.
Според германските медиуми, во Франкфурт има многу повеќе италијански фанови од достапни билети за мечот, а исто така во Франкфурт има и голема италијанска заедница која е на улиците. Според „Билд“, дополнителен проблем претставува и тоа што навивачите на Ајнтрахт се „побртимени“ со навивачите на Аталанта, кои пак, немаат најдобри односи со ултрасите на Наполи.
#Napoli, tifosi azzurri a Francoforte in attesa di #EintrachtFrankfurtNapoli
👉 @Losapiotmw pic.twitter.com/vkTt328ASG— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) February 21, 2023