Top Sport

Навивачи на Партизан и Црвена звезда се тепале во Ниш

Навивачи на фудбалските клубови Партизан и Црвена звезда физички се пресметале во Ниш. Тројца „партизановци“ се здобиле со повреди поради што побарале лекарска помош.

Навивачите решиле да се пресметаат поради мурал поставен на „туѓа територија“. Седуммина навивачи на Партизан решиле да нацртаат мурал со симболите на клубот за кој то навиваат.

Од ривалската група сметале дека тие влегле на нивна територија и ги нападнале. Во тепачката биле користени дрвени палки и камења, тројца побарале лекарска помош. Еден од повредените се здобил со фрактура на подлактицата.

Scroll to Top