Србија, синоќа, среде Лисабон, забележа една од најголемите победи во последните три децении. Со голот на Митровиќ во 90.минута, Србија ја победи Португалија со 2:1 и избори пласман на Светското првенство во Катар.
Португалија, ќе мора да се помачи, за да дојде до Мундијалот. Екипата која на теренот ја предводи Кристијано Роналдо ќе мора да игра во баражот.
Роналдо беше во фокусот на камерите и фото-репортерите, веднаш откако Орсато означи крај на натпреварот.
Подготвен да заплаче, со рацете гестикулираше кон селекторот Фернандо Сантош. Се жалел дека во Белград, му поништител регуларен гол и поради тоа Португалија остана без директен пласман на Мундијалот.
Денес преку „Инстаграм“ порача дека Португалија сигурно ќе игра во Катар.
Успехот на фудбалерите, синоќа се славеше низ градовите во Србија. Вниманието го привлече група на навивачи од Нови Сад.
Прославата директно е упатена кон најдобриот Португалец, Кристијано Роналдо. Погледнете го видеото.