Откако ниту фудбалерите, ниту навивачите на Пари Сен-Жермен уште не можат да се свестат по драматичното испаѓање од Лигата на шампионите од Манчестер јунајтед, на еден од нивните фудбалери воопшто не му паѓа лошо ситуацијата.
Секако, се работи за „бунтовникот“ Адриен Рабио, кој цела сезона е во конфликт со клубот откако одби да го продолжи договорот. Францускиот фудбалер во тешките моменти за клубот, реши да се забавува во ноќен клуб.
Рабио ќе биде слободен играч во летниот преоден рок, и многумина предвидуваат дека ќе направи трансфер во Барселона, откако сметаше дека трансфер во Тотенхем е „под неговото ниво“.
La défaite du PSG d’hier soir ?? Rabiot n’en a rien à foutre. Il est partie en boîte juste après le match sombre merde va (vidéo sur instagram (isaachaddad) pic.twitter.com/wCrtVY17Fm
— BADDIE??? (@baddieparisian1) March 7, 2019