Top Sport

Навивачите извојуваа победа над Бундеслигата

Навивачите на клубовите од првата и втората Бундеслига остварија голема победа во борбата со крупниот капитал, челниците на лигата и телевизиските куќи.

Последните неколку години, со желба да заработат повеќе пари од телевизиските права и преноси на натпреварите, Бундеслигата и ТВ-куќите донесоа правило едно коло да се игра од петок до понеделник.

Навивачите на клубовите често протестираа против оваа одлука, бидејќи во Германија масовно се оди на гостувањата, километрите на навивачите не им се важни кога треба да го поддржат својот клуб.

Поради тоа протестираа бидејќи не им оди во прилог натпревари да се играат во работен ден, особено тоа важи за понеделник.

Организираа кампањи против играњето на натпревари во понеделник, скандираа против Бундеслигата и телевизиите, бојкотираа натпревари. Заедничкиот труд им се исплатеше.

Бундеслигата во новиот договор не нуди натпревари во понеделник. Таквиот договор ќе важи од сезоната 2021/2022 и ќе трае до 2025 година.

Scroll to Top