Top Sport

Навивачите му пееја да умре, Роџер вели дека срцето му е во Селтик (видео)

Брендан Роџерс вели дека морал да ги тргне на страна емоциите за да може да замине од шкотскиот шампион Селтик за кам-бек во Премиер лигата со Лестер и покрај лутата реакција на навивачите на „Бојс“, кои дури му пееја песни посакувајќи му брза смрт.

Роџерс беше пред трет последователен троен триумф во Шкотска, но ја искористи шансата да ги преземе „лисиците“ по отказот кој го доби Клод Пуел, велејќи дека сака уште еднаш да се обиде во англиската Премиер лига.

„Се работеше за многу тешка одлука. Да ја правев одлуката со срцето, тогаш цел живот ќе останев во Селтик. Се работи за неверојатен клуб, за кој навивам цел живот. Работите се случија бргу и имав шанса да дојдам во Лестер. Немаше место за емоции, морав да одам на нов предизвик. Не беше лесно. Моето семејство и моите пријатели кои растеа навивајќи за Селтик беа вознемирени, но морав да одам напред“, вели Роџерс.

На мечот на Селтик против Хартс имаше банер кој го нарекуваше Роџерс „измамник“, а шкотската полиција ги разгледува снимките кои се појавија на социјалните мрежи со погрдните песни.

„Го видов банерот и знам дека ги боли. Се работи за фантастични фанови кои ми дадоа многу и нема да кажам ништо друго. Знам дека се во шок и дека се лути, но ќе ја сфатат ситуацијата“, вели Роџерс.

Scroll to Top