Навивачите на Ајакс се обидуваат на своите миленици да им обезбедат предност на вечерашната пресметка со Реал, во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Ноќ пред натпреварот, голема група на навивачи се собраче пред хотелот „Окура“, каде што е сместена експедицијата на Реал и во 3 часот утрово приредиле огномет.
Вработените во хотелот повикале полиција, а навивачите дури по 90 минути биле оддалечени од местото каде што го приредиле огнометот. Четворица навивачи биле уапсени.