Top Sport

Навивачите на Ајакс ги држеле будни играчите на Реал (Видео)

Навивачите на Ајакс се обидуваат на своите миленици да им обезбедат предност на вечерашната пресметка со Реал, во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Ноќ пред натпреварот, голема група на навивачи се собраче пред хотелот „Окура“, каде што е сместена експедицијата на Реал и во 3 часот утрово приредиле огномет.

Вработените во хотелот повикале полиција, а навивачите дури по 90 минути биле оддалечени од местото каде што го приредиле огнометот. Четворица навивачи биле уапсени.

Scroll to Top