Top Sport

Навивачите на Атлетико го окупираа Ваљадолид

Навивачите на Атлетико Мадрид, во голем број пристигнале во Ваљадолид, каде од 18 часот, нивниот тим го игра клучниот натпревар за шампионската титула во Ла Лига.

Најсигурен пат до трофејот за избраниците на Диего Симеоне е победа. Во тој случај нема да има влијание резултат од натпреварот Реал Мадрид-Виљареал.

„Јорганџиите“ имаат тешка задача пред себе, бидејќи Ваљадолид се бори за опстанок, иако има најмалку шанси во конкуренција на Елче и Уеска. Ваљадолид има два поени помалку и полош меѓусебен скор со двата тима.

На социјалните мрежи се делат фотографии и видеа од навивачката армија на Атлетико, кои чекаат да ја прослават 11 титула во клупската историја, прва по сезоната 2013/2014.

Scroll to Top