Top Sport

Навивачите на Челси се свртеа и против „најмоќната жена во фудбалот“

Катастрофалните резултати на Челси не поставија притисок само кон менаџерот Маурицио Сари, откако дел од фановите на „сините“ сметаат дека главен проблем е во „најмоќната жена во фудбалот“, Марина Грановскаја.

По низата слаби резултати Челси се на шестото место во Премиер лигата и беа елиминирани од ФА купот од Манчестер јунајтед, по што на удар се најде и Канаѓанката со руско потекло, директорката на клубот Грановскаја, која е одговорна за трансфер-политиката на клубот.

Во 2017 година, Грановскаја склучи договор со „Најк“ за 60 милиони фунти по година до 2032, а беше и одговорна за ангажирањето на Сари од Наполи, како и за другите трансфери на лондонскиот клуб.

Scroll to Top