Top Sport

Навивачите на Црвена ѕвезда прогласени за најдобри во 2018 година (Видео)

Популарниот канал „Ултрас ворлд“ ги прогласи навивачите на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда за најкреативни и најдобри во 2018 година. Овој канал најчесто се занимава со навивањето и кореографијата на фудбалските натпревари.

Црвена ѕвезда, во годината што измина, по 27 години пауза се врати во Лигата на шампионите. На својот стадион ги пречека великаните на европскиот фудбал Наполи, Ливерпул и Пари Сен Жермен, денови по тие мечеви фудбалскиот свет ја коментираше атмосферата на стадионот „Рајко Митиќ“.

Како изгледа листата што ја направи „Ултрас ворлд“ погледнете на приложеното видео. На навивачите на Црвена ѕвезда овој канал им посвети повеќе од седум минути.

Scroll to Top