Top Sport

Навивачите на Динамо одговорија на тенкот на Звезда со трактор

Откако Црвена звезда пред својот стадион „Рајко Митиќ“ вчера постави тенк и предизвика многу контроверзи, навивачите на Динамо Загреб одговорија со поставување на трактор пред нивниот стадион „Максимир“.

Ова не беше направено од страна на официјалните лица на Динамо, туку од навивачите, и претставува потсетување на 1990-тите, кога од Хрватска беа протерани голем број на Срби, кои си заминаа со трактори.

Scroll to Top