Top Sport

Навивачите на Грасхоперс го прекинаа натпреварот во Сион (Видео)

Поради дивеењето на навивачите на Гасхоперс прекинат бил натпреварот од 25 коло во швајцарскиот шампионат помеѓу Сион и Грасхоперс. Мечот е прекинат при резултат 2:0 за Сион.

Главниот судија на натпреварот реши конечно да го прекина мечот во 47 минута, откако претходно имало еден прекин во 32 минута. Навивачите на Грасхоперс фрлале факели на теренот.

Во 47 минута поради дивеењето на навивачите на екипата од Цирих, мечот бил во прекин десет минути, а потоа главниот судија откако оценил дека нема услови тој да продолжи ги испратил играчите во соблекувалните.

Дивеењето на навивачите на Грасхоперс можете да го погледнете тука.

Scroll to Top