Top Sport

Навивачите на Лидс за голот на Алиоски: Секогаш велевме дека е „класа“

Езѓан Алиоски беше еден од стрелците за Македонија во убедливата 4:1 победа над Лихтенштајн и навивачите на неговиот Лидс јунајтед го забележаа тоа и посакаа тој таа „класа“ да ја донесе и на „Еланд роуд“.

26-годишниот Алиоски беше на удар на критиките поради неговата непостојаност оваа сезона под новиот тренер Марсело Биелса, и иако има три гола оваа сезона, тимот кој е најсериозен кандидат за влегување во Премиер лигата очекува повеќе, како и навивачите.

„Тој е голем тимски фудбалер, кој постигнува многу за нас во дефанзивата. Фудбалер за фудбалерите“, вели еден коментатор на Твитер.

„Секогаш сум велел дека е класа играч, иако во минатото велев дека е роден во офсајд. Го сакам тоа момче“, додаде друг коментатор.

Фото: ЕПА

Македонија ја заврши „домашната“ со Лихтенштајн, сега следува ерменскиот тест (видео+галерија)

Scroll to Top