Top Sport

Навивачите на Марсеј го каменуваа автобусот на Лион, тренерот заврши на шиење

Навивачите на Марсеј, го нападнале со автобус во кој биле играчите и стручниот штаб на Лион. Екипата на Лион се дивжела кон стадионот „Велодром“ кога навивачите на Марсеј од улиците почнале да фрлаат камења кон автобусот, при што искршиле неколку прозорци.

Најлошо поминал тренерот на Лион Фабио Гросо, крварел од лицето и по пристигнувањето на стадионот му била укажана лекарска помош.

Покрај Гросо, удар во главата доби и неговиот помошник Рафаеле Ланго, додека на повреди се пожалија и неколку играчи.

Scroll to Top