Напаѓачот на Фиорентина, Патрик Кутроне вели дека бил мета на навистина сурови навреди од навивачите на Милан, кои му порачале да „заврши како Давиде Астори“, поранешниот капитен на Виола, кој почина во сон пред две години.
Поранешниот фудбалер на Милан прво замина во Премиер лигата во Вулверхемптон, но во зимскиот преоден рок се врати во Серија А со Фиорентина, и на саботниот меч со Милан влезе од клупата и на него беше направен клучниот фаул од Алесио Ромањоли, по што Фиорентина доби контроверзен пенал за мечот да заврши 1:1.
Кутроне по мечот изјави дека сакал тој да го изведува пеналот, но додаде дека „никогаш“ не би прославувал гол против неговиот сакан Милан. И покрај ова, на социјалните мрежи тој бил мета на навреди, кој потоа ги сподели на социјалнит мрежи.
„Астори умре лошо, Кутроне мора да заврши на ист начин што е можно побргу, бесрамно копиле“, вели едната порака, додека другата вели: „Ти и твоето семејство треба да добиете корона вирус“.
„Нема граници на лошотијата кај луѓето“, напиша Кутроне.
Кутроне е „дете“ од школата на Милан и пред трансферот минатата година постојано го носеше дресот на „росонерите“, и по мечот се поздравуваше со тифозите.
#patrickcutrone si scusa con i tifosi del Milan pic.twitter.com/nP1aCExpWG
— Amici di A.C. Milan (@AmiciMilan) February 23, 2020