Top Sport

Навивачите на Рајо го прекинаа натпреварот со Албасете: Зозулија ти си нацист

Навивачите на Рајо Валјекано го прекинаа дуелот од 20 коло во Сегунда. На „Валјехас“ тие во текот на првото полувреме го навредувале напаѓачот на Албасете, Роман Зозулија, поради што гостите не сакале да излезат на теренот во второто полувреме.

Украинецот Зозулија пред три години требало да се пресели од Бетис во Рајо, меѓутоа трансферот го стопирале навивачите поради политичките ставови на фудбалерот.

Зозулија е ултра десничар, а во време на воените судири помеѓу Украина и Русија во Донбас, тој бил заштитно лице на кампањата на „Азовскиот батаљон“ со која таа паравоена формација со фашистичка идеологија, ги повикувала доброволците да им се приклучат.

Фудбалерот, како што сведочи фотографијата никогаш не ги криел своите симпатии кон Стапен Бандера, украински воен злосторник и соработник на нацистите во Втората светска војна, одговорен за смрт на стотици илјади Полјаци и Евреи.

„Зозулија ти се е..н нацист“, скандирале навивачите поради што судијата го прекинал натпреварот и решил тој да не продолжи.

Scroll to Top