На „Сантијаго Бернабеу“ ѕвездите доаѓаат и си одат, а навивачите секогаш имаат свој следен фаворит. Според анкетата на „Марка“, неофицијалниот весник на Реал, фановите од шпанската престолнина по заминувањето на Кристијано Роналдо би биле најсреќни ако Килијан Мбапе биде нивни нов фудбалер.
Реал Мадрид дефинитивно нема да биде истиот следната сезона – покрај Роналдо, на клупата нема да биде Зинедин Зидан туку поранешниот селектор Хулен Лопетеги, и сега навивачите очекуваат претседателот Флорентино Перез да донесе нов „галактико“ кој би го „кренал духот“ кај Мадридистите.
Според „Марка“ дури 54 отсто од навивачите би го посакале францускиот тинејџер Мбапе, откако „акциите“ на Нејмар паднаа по Мундијалот, а Хери Кејн би бил „прескап“. Втор најпосакуван кај навивачите е Белгиецот Еден Азар (15 отсто), пред Нејмар (14 осто) и Кејн (10 отсто).
Фото: ЕПА