Top Sport

Навивачите на Реал и Еспањол ќе збеснат од изјавите на Пике

Играчот на Барселона, Џерард Пике, гостувајќи во телевизиското шоу „Ла Ресистенциа“, со неколку изјави им го „кренал притисокот“ на навивачите на Реал и Еспањол.

На прашањето колку е богат, тој ги „пецнал“ градските ривали од Еспањол: „Имам повеќе пари од годинешниот буџет на Еспањол. Не, не се 57 милиони евра, многу повеќе се“.

Потоа на ред дошле и најголемите ривали од Реал Мадрид. Новинарот го прашал колку пати во изминатиот месец имал секс. Одговорот на Пике асоцирал на двете победи над Реал остварени пред еден месец.

„Тука треба да ги вбројам и натпреварите на Сантијаго Бернабеу?“

Scroll to Top