Кристијано Роналдо, обележа една деценија во дресот на Реал, по што реши да замине од Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус.
На сите во Реал им е јасно дека тешко ќе можат да го надоместа заминувањето на Португалецот, а претседателот Флорентино Перез, смета дека добра замена би бил Еден Азар кој има цврст договор со Челси.
Весникот „Марка“, поради тоа, ги праша навивачите кој треба да го предводи нападот на Реал? Весникот понуди девет опции, а анкетата понуди помалку изненадувачки одговор на прашањето.
Во анкетата гласале повеќе од 200.000 луѓе, а најногу гласови добил напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
Кејн добил повеќе гласови од Кавани, Икарди, Левандовски, Мората, Родриго и Роберто Фирмино.