Наjверните фанови на Шкендија, навивачката група „Балисти“ крена бунт против претседателот на клубот, Бесник Ибраими, и бара негово заминување од тетовскиот прволигаш. Во спротивно, како што се вели во нивното соопштение, ќе го објават целиот „валкан веш“ што се случувал за време на неговото владеење со клубот.
Шкендија утре ќе игра против шведски АИК во квалификациите за Конференциската лига, а очигледно најверните фанови не се задоволни од фунционирањето на клубот.
„Се молевме Еколог да влезе во Шкендија во 2013 година и сега дали навивачите заслужуваат игнорантски однос од моменталниот лојален претседател Ибраими, кој мисли дека има доволно кредити од нас. Ние имаме само една одлука – замини си што побрзо и тргни ги рацете од нашиот сакан клуб! Во спротивно ќе продолжиме со радикалното однесување и со активностите за да ја оствариме целта. Попрецизно, ќе ги објавиме сите валканици кои ги има направено претседателот во овој период додека е прв човек на клубот“ – се вели во радикалното соопштение на навивачите на Шкендија.