Top Sport

Навивачите на Зенит ќе добиеја ќотек бидејќи се соблекле голи до половина! (видео)

Вчерашниот меч од Рускиот куп помеѓу Ахмат Грозни и Зенит Санкт Петерсбург во Чеченија донесе шокантни сцени откако домашните навивачи се обидоа да ги нападнат гостинските фанови поради тоа што тие се соблекоа голи до половина.

Инцидентот се случи при крајот на регуларниот дел од четврт-финалето, кога повеќе навивачи на Зенит ги соблекоа дресовите, а домашните фанови налутено тргнаа кон нив, а директен конфликт беше спречен од бариерата стјуарди.

Фудбалерот на Ахмат, Олег Иванов и фудбалерот од средниот ред на Зенит, Магомед Одзоев (кој е роден во Грозни) беа фудбалерите кои спречија директен конфликт, пред Зенит да стигне до 2:1 победа во продолжени со голот на Јуриј Жирков.

Иако е вообичаено кај речиси сите фудбалски фанови да се разголат до половина, сепак од Зенит ги предупредија и пред мечот своите навивачи да ги „почитуваат туѓите традиции“.

„Мислам дека беше недоразбирање. Нашите фанови патуваат со нас насекаде. Сфаќам дека нивното однесување тука беше прифатено поинаку, а тешко е да се каже дали ги знаеја домашните обичаи. Ќе зборуваме со нас, бидејќи никој не сакаше да се случи инцидент“, вели тренерот на Зенит, Сергеј Семак.

Scroll to Top