Top Sport

Навивачите на Зенит повторно шокираа со својата кореографија

Навивачката група на Зенит од Санк Петербург важи за една од најекстремните во Европа, особено тоа важи за подгрупата која е позната по своите екстремно десни ставови.

Пред две недели на натпреварот против Вардар, во претпоследното коло во Лига Европа, оваа група истакна транспарент со поддршка за осудениот воен злосторник Ратко Младиќ поради што Зенит се соочува со жестока казна од УЕФА.

Најновата нивна кореографија повторно ја шокира јавноста.

По повод 100-годишнината од Октомвриската револуција и почетокот на граѓанската војна во Русија тие истакнаа огромен транспарент на кој беа прикажани болшевик и царски војник кои еден кон друг си имаат вперено пиштоли.

Потоа под него истакнаа уште еден, на кој стои годината 1917 и два черепа со прострелни рани.

Scroll to Top