Една од ретките европски земји каде што се игра фудбал и тоа пред публика е Русија. Во Санкт Петербург попладнево Зенит ја пречека екипата на Урал и забележа убедлива победа 7:1.
Во центарот на вниманието беа навивачите на Зенит кои истакнаа огромен транспарент: „Болни сме од фудбалот, а за Зенит сме подготвени да умреме“.
Во текот на целиот натпревар тие скандирале: „Сите ќе умреме“.
Инаку од понеделник и во Русија ќе бидат забранети собири со повеќе од 1.000 луѓе, а фудбалските натпревари ќе се играат пред празни трибини.
Грандиозный заряд. Мы все умрем! pic.twitter.com/t4Ek5rhbQ6
— Fedor Pogorelov (@fpogo23) March 14, 2020