Top Sport

Навивачите сакале Куртоа да си оди од Реал

Реал немаат континуитет во формата и резултатите оваа сезона. По трите добри партии во Ла Лига, победите над Севилја и Осасуна и ремито со Атлетико, тимот на Зидан забележа кикс против Бриж во Лигата на шампионите.

По синоќешното реми против Бриж (2-2) навивачите гласно го кажаа името на виновникот за лошите резултати. Според нив голманот Тибо Куртоа треба да го напушти клубот. Интересно, Куртоа беше заменет на полувремето, а Зидан појаснил дека морал да го направи тоа бидејќи Белгиецот повраќал и се жалел на болки во стомакот.

Меѓутоа медиумите пишуваат дека најголеми свирежи по завршувањето на првиот дел од играчите добил токму Куртоа. Статистиката вели дека Куртоа во Реал прима во просек 1,37 гола по натпревар. На домашен терен просекот му е полош, односно прима 1,5 гола по натпревар.

Белгиецот не е миленик на навивачите бидејќи е поранешен играч на Атлетико, но и поради фактот што Реал мораше да го продаде Кејлор Навас, кој беше еден од клучните играчи во походот на трите титули во низа во Лигата на шампионите.

Објаснувањето зошто брано Куртоа е просто, има голема плата па дури и Реал не можат да си дозволат да издвојуваат големи пари за некој што ќе ја грее клупата за резерви.

Scroll to Top