Top Sport

Навивачите се незадоволни од изгледот на новиот дрес на Барса

Еден од најголемите производители на спортска опрема и долгогодишен партнер на Барселона, компанијата „Најки“, подготвил посебен дрес за фудбалскиот клуб, за наредната сезона, кој не им се допаѓа на навивачите.

„Најки“ и Барселона наредната година ќе слават јубилеј, 20 години од почетокот на соработката. За таа пригода „Најки“ подготвиле дизајн на дрес, кој е микс на сите дресови што фудбалерите ги носеле во изминатите две децении.

Дизајнот е навистина чуден, а според коментарите на социјалните мрежи, навивачите воопшто не се задоволни од изгледот на дресот.

Scroll to Top