Top Sport

Навивачот кој го нападна Ремсдејл доби четиригодишна забрана за влез на стадион

35-годишниот Џозеф Вотс од Лондон доби забрана од присуство на фудбалски мечеви во период од четири години, откако ја призна вината за физички напад на голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл на мечот со Тотенхем во јануари.

Ремсдејл доби клоца во грбот од навивачот на Тотенхем, Вотс по крајот на дербито кое Арсенал го доби со 2:0.

Вотс, исто така ќе мора да оди на извршување на јавно корисни работи, а ќе мора да му плати и 100 фунти на Ремсдејл како отштета. Тој се извини на голманот, и на двата фубалски клубови.

Scroll to Top