Џејмс Вајт, 33-годишниот навивач на Манчестер јунајтед, кој носеше маичка со навредлива порака за несреќата на Хилсборо доби суспензија од 4 години од англиската Фудбалска асоцијација.
Вајт на ФА куп финалето на Јунајтед против Манчестер сити на 3 јуни, носеше дрес со бројот 97 и порака „Не се доволно“, грда порака за бројот на навивачи на Ливерпул кои загинаа на трагедијата на Хилсборо во 1989 година. Тој беше уапсен по мечот, и доби парична казна од судот покрај суспензијата од ФА. Манчестер јунајтед пак му забранија пристап на нивните мечеви на неопределено време.
„Нашата забрана е продолжена на неопределено време на сите клупски активности и сите мечеви на ‘Олд Трафорд’. Потсмевање со трагедијата на Хилсборо и други фудбалски трагедии е целосно неприфатливо и клубот ќе работи на искоренување“, велат од Јунајтед.