Навивачот на Ливерпул, Шон Кокс се врати во својот дом во Каунти Мит во Ирска речиси две години откако доби сериозни повреди на главата и заврши во кома по нападот од навивачите на Рома пред „Енфилд“.
Навивачот на Рома, Симоне Мастрели доби затворска казна од 3 и пол години во февруари 2019 откако призна дека е виновен за нанесување на голема телесна повреда. Кокс по комплетирањето на рехабилитацијата минатата година се врати на стадионот „Енфилд“ за мечот против Манчестер сити, кога се сретна и со менаџерот Јирген Клоп, но остана во Англија за да ја заврши рехабилитацијата.
Сега, неговата сопруга Мартина потврди дека тој е вратен во семејниот дом.
„Овој ден го чекавме сите во нашето семејство. Иако Шон пред него има тежок пат, тоа што е дома со нас е голем чекор и благодарам на сите кои помогнаа“, напиша таа.