Навивачот кој влета на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ на синоќешното полуфинале од Лигата на шампионите, а имаше албанско знаме во рацете и стигна да го прегрне Карим Бензема, е скопјанец кој живее и работи во Германија. Тој успеа да му побегне на силното обезбедување, влета во теренот сакајќи да го прегрне Бензема, кој беше стрелец на третиот гол за Реал Мадрид во синоќешниот голем пресврт за пласман во финалето на ЛШ.
Реал Мадрид приреди ново чудо, откако беше на работ на елиминација, до 90.минута имаше негатива, а потоа Родриго за две минути постигна два гола.
Карим Бензема во продолженијата беше стрелец од пенал за конечни 3:1, резултат кој го одведе „кралскиот клуб“ во финалето на Лигата на шампионите каде ќе игра против Ливерпул, на 28.мај на „Стад де Франс“ во Париз.