Top Sport

Не доби шанса да дебитира, ОАЕ го отпуштија селекторот

Српскиот тренер Иван Јовановиќ повеќе не е селектор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). 57 годишникот го раскинал договорот со националниот Сојуз.

Интересно Јовановиќ не ја водеше репрезентацијата на ниту еден натпревар.

Јовановиќ стана селектор на ОАЕ во декември минатата година, во меѓувреме репрезентацијата немаше натпревари, а тие што беа планирани за март и април се одложени поради коронавирусот.

Ваквиот развој на настаните челниците на Сојузот го искористиле за да го раскинат договорот, бидејќи на почетокот двете страни договориле шест месечна соработка.

Scroll to Top