Херојот на Реал од финалето во Киев, Геет Бејл, не е сигурен каква ќе биде неговата иднина во клубот. Велшанецот постигна два гола, но во своите изјави по натпреварот не криеше дека не е среќен во Мадрид.
Англиските медиуми откриваат дека речиси и да нема комуникација помеѓу Бејл и тренерот Зинедин Зидан.
Бејл, по мечот, го манифестираше незадоволство бидејќи финалето го започнал од клупата за резерви. Тој открил и дека Зидан воопшто не разговарал со него по завршувањето на натпреварот.
На прашањето на дали Зидан воопшто нешто му кажал за она што го презентирал на теренот, Бејл кратко одговорил: „Не“.
Инаку, Велшанецот, со два гола во финалето, му го трасираше патот на Реал до третата титула во низа во Лигата на шампионите.
По ова јасно е дека напаѓачот, летово, сериозно ќе размисли за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Сериозен интерес за услугите на Бејл покажуваат Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.