Кристијан Ериксен не е задоволен од својот статус во Интер. Данецот во јануарскиот преоден рок се пресели во Милано за сума од 27.000.000 евра. Од почетокот на сезоната тој има одиграно само 73 минути.
„Не сакам да седам на клупата цела сезона. Се надевам дека тренерот и клубот немаат таква намера. Не е убаво кога седите на клупата, незадоволството постојано расте“, рекол Ериксен.
„Од мене многу очекуваат и луѓето мислат дека ќе правам разлика на теренот на секој натпревар, тоа се уште не се случило. Поради тоа на мене поинаку гледаат. Имамв одличен старт кога пристигнав, но она што сега се случува за мене е целосно нова ситуација, се надевам дека тоа ќе се промени“.
Медиумите во Италија не ја исклучуваат можноста Ериксен во јануари да го напушти Интер.