Кога ќе се спомене најбогатиот активен фудбалер на светот, секако прв избор би бил Лионел Меси, Кристијано Роналдо, или можеби Нејмар. Но, наместо тоа, најбогат фудбалер на светот е 20-годишниот резервист на Лестер, Фаик Болкијах.
Иако уште нема настап за сениорскиот тим, Болкијах е внук на султанот на Брунеи и според проценките „тежи“ околу 15 милијарди фунти, со што споредбата со еден Кристијано Роналдо, кој има од 200 до 250 милиони фунти богатство е невозможна
Болкијах е дел од академијата на „лисиците“ и првиот професионален договор го потпиша во март 2016 година и игра на позицијата на играч од средниот ред. Тој е роден во Лос Анџелес и имаше шанси да настапува за американската репрезентацијата, пред да се обврзе на верност на Бруенеи.
Тој ја почнал кариерата во Њубери, пред во 2009 година да се приклучи на Саутемптон, каде што помина четири години пред да замине за Арсенал, кои му дадоа шанса во 2013 година. По „топчиите“, Болкијах замина во Челси, каде што доби двегодишен договор, но си замина во 2016 година откако не доби шанса.
До деталите за Болкијах се доаѓа тешко – на веб-сајтот на Лестер нема информации за него, но на Инстаграм тој има 122.000 следбеници. Според него, тој има спонзорски договор со „Најк“, а веќе настапуваше за У-21 и У-23 репрезентациите на Брунеи.