Лацио ќе му понудат нов договор на Луис Алберто, со кој шпанскиот фудбалер од средниот ред би останал на „Олимпико“ до јуни 2025 година и би заработувал двојно повеќе отколку сега.
27-годишниот Алберто пристигна во Рим од Ливерпул во 2016 година за само 4 милиони евра и оваа сезона е еден од инспираторите на фантастичната сезона на „бјанкочелестите“ во која го предизвикуваат Јувентус за титулата, а веќе го освоија Суперкупот.
Неговиот договор трае до јуни 2022 година, но според „Ла газета дело спорт“ веќе има пред-договор со кој ќе се продолжи престојот до 2025 година, и наместо сегашните 1.8 милиони евра по сезона, тој би заработувал 3.5 милиони евра плус бонуси.
Претседателот на клубот, Клаудио Лотито, исто така преговара за продолжување на договорите со Марко Пароло, Сенат Лулиќ и Томас Стракоша.