Кристијано Роналдо со интервјуто дадено за шпанските медиуми „крена прашина“ во шпанската јавност. Влијателните весници „Марка“ и „Ас“, објавија дека Реал Мадрид ја прифатил понудата на Јувентус од 100 милиони евра и дека Португалецот наскоро ќе се пресели во Торино.
Откако не успеа со Португалија да го мине Уругвај во осмина-финалето на Светското првенство, Роналдо со своето интервју во втор план ја фрли завршницата на мундијалот.
„Доколку мојата вредност ја процениле на 100 милиони евра тоа значи дека тие не ме сакаат“, рекол Португалецот.
?? ? | Front page of MARCA:
Cristiano Ronaldo believes that the €100m price that Real Madrid put on him last Jan, was an invitation to leave.
“If I’m worth €100m, it means that they don’t want me.” pic.twitter.com/L6n4F9KTdS
— Arjun Pradeep (@IndianRegista) July 4, 2018
Кристијано Роналдо (33), не крие дека секогаш имал одредени симпатии кон Јувентус, но очигледно е незадоволен од тоа што според вредноста на пазарот, пред него се неколкумина други играчи.