Top Sport

Не му кажувајте на Кристијано дека јас сум вистинскиот Роналдо

Еден од најдобрите напаѓачи во фудбалската историја Луис Назарио да Лима Роналдо разговарал на Инстаграм со капитенот на шампионската генерација на Италија од 2006 година, Фабио Канаваро.

Роналдо и Канаваро отовриле дебата на тема кој е вистински Роналдо, Бразилецот или португалскиот напаѓач, сега член на Јувентус, Кристијано.

Темата ја отвори најдобриот играч во светот во 2006 година Канаваро.

„Многу се зборува за Кристијано Роналдо. И покрај тоа што во кариерата постигнал многу луѓето мислат дека вие сте вистинскиот „Феномено“, започнал Канаваро и веднаш добил одговор од другата страна.

„Кристијано не би сакал да слушне дека јас сум вистинскиот Роналдо. Ве молам немојте да му кажете. Не можеме да се споредуваме. Кристијано секогаш ќе биде еден од најдобрите играчи во историјата, истото важи и за Меси“.

Бразилецот Роналдо три пати ја добил „Златната топка“ на ФИФА како најдобар играч во светот. Португалецот Роналдо досега освоил пет „Златни топки“.

Scroll to Top