Откако поголемиот дел од првото полувреме го поминаа во дефанзива, фудбалерите на Манчестер јунајтед дојдоа до водство против Челси на „Стемфорд бриџ“ благодарение на неверојатниот кикс на Жоржињо, кој практично му ја подари топката на Џејдон Санчо, за тој да го постигне својот прв премиерлигашки гол.
Под водство на Мајкл Керик, Јунајтед игра дефанзивно во дуелот со лидерот во Премиерлигата и актуелниот шампион, но во 50. минута Жоржињо направи навистина шокантна грешка.
Со ова се комплетира лошата есен за италијанскиот репрезентативец, кој да потсетиме утна два пенали за својата репрезентација во квалификациите за СП, по што Италија мора да игра во баражот за влез на Мундијалот, почнувајќи со полуфиналето против Македонија.
Erro inacreditável do Jorginho.
Sancho não perdoa ? pic.twitter.com/CORnVFzd46
— GoncaloDias17 (@goncalo_diass17) November 28, 2021