Top Sport

Не оди ниту со Анри, ПСЖ го декласира Монако (Видео)

Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, ја продолжи победничката низа во Лига 1. ПСЖ победија во 13.коло кај Монако со 4:0.

Кавани во почетните 11 минути постигна два гола, потоа во 53.минута го комплетираше хет-трикот, а точка на мечот десет минути подцна стави Нејмар со гол од пенал.

ПСЖ има 13 победи, во исто толку натпревари, гол разлика 45:7 и по само една третина од првенството веќе ја обезбеди титулата. ПСЖ и има 13 бод повеќе од Лил. Од друга страна Монако остана на претпоследното место на табелата со само седум бода.

Scroll to Top