Top Sport

Не постои клаузула од 300 милиони во договорот на Нејмар

Француската професионална лига (ЛФП) демантираше дека постои клаузула за раскин на договорот на Нејмар со Пари Сен-Жермен од наводни 300 милиони евра, во обид да се намалат шпекулациите дека Бразилецот заминува во Реал Мадрид.

Нејмар дојде во ПСЖ од Барса откако сопствениците на францускиот клуб платија 222 милиони евра за да го откупат неговиот договор со каталонскиот клуб, и тој имаше 28 гола и 16 асистенции пред да го скрши стапалото. ЛФП за „Л’Екип“ потврди дека лигата не дозволува клаузули за откуп во Франција.

„ЛФП во своите правила јасно вели: ’Клубовите не можат да имаат  договор со клаузули за прекин на договорот од една страна’. Затоа, договорот на Нејмар не може да има таква клаузула, како и било кој фудбалер во Франција“, се вели во соопштението на ЛФП.

Фото: ЕПА

Scroll to Top