Top Sport

Не постои „клаузула Реал“ во договорот на Ерлинг Халанд

И покрај тоа што неговиот татко Алф-Инге Халанд најави дека неговиот син, Ерлинг Халанд нема да го „отслужи“ целосниот петгодишен договор со Манчестер сити, британските извори ги демантираат шпекулациите од Шпанија дека Норвежанецот има „клаузула Реал“ во својот договор, со кој би си заминал доколку го посакаат „кралевите“, и тоа за помала сума.

Халанд имаше неверојатно влијание во играта на тимот на Пеп Гвардиола по трансферот од Борусија Дортмунд, постигнувајќи 14 гола во само осум меча од Премиерлигата. Постариот Халанд минатиот месец изјави дека имале и понуда од Реал Мадрид, но дека на неговиот син повеќе би му одговарала играта во Премиерлигата. Тој исто така ја отфрли можноста Ерлинг да го сруши рекордот како најдобар стрелец во Премиерлигата, оценувајќи дека нема да остане доволно долго да го направи тоа.

Халанд има годишна плата од 20 милиони евра во Сити, што значи дека за петте години на „Етихад“ ќе заработи фантастични 200 милиони евра.

Scroll to Top