Top Sport

„Не сакам да се вратам во Челси“

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората изјавил дека сака да остане во Атлетико Мадрид и дека нема желба да се врати во Челси.

Мората во јануарскиот преоден рок се пресели во Атлетико. Клубовите договорија 18 месечна позајмица, за која Атлетико ќе издвојат 17 милиони евра, а потоа ќе можат и да го откупат договорот на поранешниот играч на Реал Мадрид и Јувентус.

„Кристално јасно е што сакам. Јас сакам да останам во Мадрид. Ќе сторам се што е во моја моќ за да продолжам да играм во овој клуб. Немам намера да заминам, среќен сум во Атлетико“, изјавил за „Марка“, Алваро Мората.

Напаѓачот во Челси никако не успеваше да ја најде вистинската форма, додека во Атлетико игра добро, на 16 натпревари има постигнато шест гола.

„Планирам уште долго на највисоко ниво. Без оглед на тоа што во мојот случај станува збор за позајмица, тука добро напредувам и се надевам дека ова е вистинскоот решение. Давам се од себе од моментот кога дојдов тука и сега ќе дадам се од себе за да останам тука. Тоа е мојот план“.

Челси, поради забраната за трансфери, по завршувањето на сезоната би можеле да ги вратат сите позаимени фудбалери, меѓутоа во случајот со Мората, Атлетико можат и веднаш да го откупат неговиот договор.

Scroll to Top