Top Sport

„Не се плашам од Халанд, имаме и ние играч што постигнува голови“

Фудбалската репрезентација на Србија на 26 март во плеј-офот за пласман на Европското првенство ќе гостува во Осло кај Норвешка која ја предводи новата ѕвезда на светскиот фудбал, Ерлин Халанд.

Тинејџерот во зимскиот преоден рок се пресели во Борусија Дортмунд. Досега има одиграно седум натпревари на кои постигнал 11 гола, вклучувајќи ги и двата против ПСЖ во вторникот, во победата 2:1.

„Ова што го прави тој е фантастично. Но постигнувањето на головите е само дел од приказната кога станува збор за него. Головите прават да биде посебен но импресионира и неговата експлозивност и брзина, иако е висок 1.93 метри. Особено е интересно што тој игра толку зрело, а многу е млад“, рекол селекторот на Србија, Љубиша Тумбаковиќ и дополнил.

„Норвешка не е само Халанд. Би било добро кога би требале само него да го запреме, ние треба да запреме едена цела група на играчи. Нема да се предадеме. И ние имаме напаѓач што постигнува гол на секој натпревар. Митровиќ редовно постигнува голови“.

Победникот од мечот Норвешка-Србија за пласман на ЕУРО 2020 ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Шкотска и Израел.

Репрезентацијата што ќе мине на ЕП ќе биде во група со Англија, Хрватска и Чешка.

Scroll to Top